Утрински Весник
Свет

Дижариќ: Ниту еден хуманитарен конвој на ОН не стигна до северниот дел на Газа од 23 јануари

20240228073106 Big 730x400 1.webp.webp

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижариќ укажа на страшната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, изјавувајќи дека ниту еден од конвоите со хуманитарна помош на ОН не стигнал до северните делови на Појасот Газа од 23 јануари.

-Колегите од УНРВА не потсетуваат дека ниту еден од нашите хуманитарни конвои не можеше да стигне до северниот дел на Појасот Газа од 23 јануари. Како што слушнавте од генералниот комесар Филипе Лазарини, има нагло намалување на испораката на помош за Појасот Газа, рече Дижариќ, пренесе Анадолија.

Истакнувајќи ја потребата од повеќе влезни точки и безбедни рути во Газа, Дижариќ кажа дека УНРВА има резерви на храна на границата со Газа што може да снабдува до 2,2 милиони луѓе низ Појасот Газа.

-Речиси 1.000 камиони кои превезуваат 15.000 тони храна во Египет се подготвени да заминат за Појасот Газа, додаде тој.

Можете да прочитате

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах

Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена