Утрински Весник
Економија

Дизелот поскапува за три денари, бензините за половина денар

Дизелот поскапува за три денари, бензините за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 26.08.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,173%,  кај  дизелот зголемување во просек за 3,246%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,720% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,255%.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,977 ден/кг

Од 30.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95 –    89,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 –    92,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 101,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    97,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС –                                  53,955 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0, 411%.

Можете да прочитате

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Власта нејќе да чуе за зголемување на минамалецот, Дурмиши вели така ќе се отпуштале работници

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра?