Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,44 % во однос на одлуката од 12.12.2022 година.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,50 денара/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува 3,00 денари/л.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.
Од 17.12.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,50 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)
– мазут М-1 НС – 39,370 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,078 %, кај дизелот има зголемување од 4,832 %, кај екстра-лесното масло зголемување од 6,090 % и кај мазутот намалувањето е 0,313 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,282 %.