Од полноќ за еден денар поевтинува дизелот, а за половина денар Екстра лесното масло за домаќинство. Бензините поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуродизелот ќе се продава по цена од 77 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 75,5 денари за литар. Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 83 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 85 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,409 ден/кг и ќе изнесува 43,752 ден/кг.