Утрински Весник
Македонија

Дискотеки на диво организираат забави во Скопје

Img 9574.jpeg

Матурска забава заврши со полициска акција – за само неколку часа, матуранти од скопска гимназија се најдоа пред затворена дискотека, која ги отворила вратите нелегално и наплатила и до 15.000 денари за сепаре пишува Телма.

Забавата се случила по полноќ, по официјалната прослава на матурската вечер во ресторан, организирана од училиштето. Според сведоштва, неколку матурантки и нивни соученици продолжиле со прославата во дискотека сместена во рамките на Железничката станица во Скопје, каде влезот чинел 300 денари, а сепарето дури 15.000 денари.


Родител на една матурантка раскажа дека организацијата одела преку соученик на нејзината ќерка. „Маса за стоење чинеше 4.500 денари, а за сепаре ни побараа до 15.000. Ни дадоа карти и ваучери со јасно наведена гимназија, локација и датум. Сметав дека се е легално, особено по трагедијата во Кочани. Не очекував дека некој ќе се осмели повторно да ги доведе децата во ризик“, рече таа.

Но, кусо по нивното пристигнување, во дискотеката влегле полициски службеници и пазарната инспекција, ја затвориле и ја пломбирале просторијата поради тоа што немала дозвола за работа. Некои матуранти дури и не успеале да влезат.

Родителите ја лоцираат вината кај сопствениците на објектот, кои – како што велат – свесно ги измамиле и ги изложиле децата на ризик. Иако случајот не е формално пријавен, родителите очекуваат одговорност од организаторите.

Од Пазарната инспекција информираат дека во изминатиот период затвориле три слични угостителски објекти кои нелегално организирале матурски „афтер парти“ забави. Против нив се водат постапки за прекршување на законите за угостителство и безбедност.

Можете да прочитате

Филипче ги потврдува актуелните градоначалници на Центар и Крушево како сигурни кандидати за нов мандат

Повик на единство, па напади кон опозицијата во празничното обраќање на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство значи инвестиции и сигурна реализација на капитални проекти