Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, изврши увид во системот за обезбедување топлинска енергија за градот Скопје пред утрешниот почеток на грејната сезона.
![]()
Ковачевски ја посети топланата „Исток“, производен капацитет што произведува 70 % од топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје и која заедно со топланата „Запад“ од оваа грејна сезона е под стопанисување на АД ЕСМ, односно друштвата за топлинска енергија на ЕСМ.
![]()
Увид беше извршен и во подготвеноста на подружницата „Енергетика“, пред сè, во текот на активностите за санација на топловодната мрежа во должина од 80 м во Автокоманда, општина Гази Баба, заради ефикасна испорака на топлинска енергија.


