Утрински Весник
Македонија

Директорот на БЈБ, Јанев, во работна посета на Граничниот премин Стар Дојран

Img 20250723 wa0067.jpg

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес беше во работна посета на Граничниот премин Стар Дојран каде пренесе порака дека нашата држава се грижи, инвестира и одлучно стои на секој чекор од својата граница.

„Со отворањето на две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеци, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Посебно горд сум што по долга пауза, повторно е воспоставена граничната патрола по Дојранското Езеро. Тоа е доказ дека нема да дозволиме ниту една точка од нашата граница да остане незаштитена – ниту на копно, ниту на вода.”, потенцираше директорот Јанев при посетата.


Посетата беше и прилика директорот да изврши увид врз донираната техничка опрема и возила од страна на Сојузната германска полиција и потенцираше дека таквата поддршка ни значи многу.

„Германските партнери преку опрема, дигитални алатки и заеднички обуки ја зајакнуваат нашата Гранична полиција да биде уште поефикасна во откривање и спречување на прекуграничниот криминал. Ова е патот напред: патриотизам на дело, партнерства во пракса, безбедност за секој граѓанин и бескомпромисна борба против криминалот!”, подвлече директорот Јанев.

Јанев на крај изрази сигурност дека македонската полиција ќе продолжи да ја чува својата граница, со чест, со знаење и со сојузници!

Можете да прочитате

Во Гази Баба се подготвува бетонско чудовиште – барајте од кандидатите нотарска изјава дека нема да го поддржат проектот вели Арсовска

ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, животниот стандард падна за 20%