Утрински Весник
Македонија

Директорите на Царинските управи на Македонија и Бугарија одржаа билатерална средба во Софија

Img F086eace594f77e37f57bcb87f76970d V.jpg

Директорите на Царинските управи на РС Македонија Бобан Николовски и на Република Бугарија Георги Димов одржаа билатерална средба во Софија. Директорите разговараа за добрата меѓуинституционална соработка како и за развојот на граничните премини долж граничната линија. Беше истакнато дека за исполнување на нивната важна улога за заштита на граѓаните и бизнисите денес, царинските управи работат со современи методи на контрола и анализа на ризик базирани на интегрирани модели.

Договорено е и активирање на соработката во различни области од специфичната царинска дејност.

Воедно во блиска иднина двете страни договорија да одржат средба на највисоко ниво со поддршка на секторски работни групи.

Билатералната средба беше во рамките на посетата на директорот Николовски на Софија по повод состанокот на високо ниво за зајакнување на регионалната соработка во борбата против трговијата со дрога по воздушен пат во Југоисточна Европа. 

Настанот е дел од 10-тиот состанок на Помпиду групацијата во рамки на Советот на Европа за соработка во борбата против трговијата со дрога на аеродромите во Југоисточна Европа (AIRSEE). Коорганизатор и домаќин на настанот на високо ниво од бугарска страна беше Царинска агенција на Република Бугарија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!