Хрватскиот фудбалски шампион Динамо неславно ја заврши сезоната на меѓународната клупска сцена, откако вечерва на реваншот од осминафиналето во Конференциската лига беше нокаутиран од гчкиот ПАОК во Солун (5:1). Првиот меч во Загреб го добија „модрите“ со 2:0, но таа предност на Динамо беше стопена по само половина час игра на „Тумба“. Првото полувреме заврши со 3:0 за ПАОК, со погодоците на Баба, Сучиќ автогол и Томас. Динамо се врати во игра во 49. минута преку Хоџа и се избори за резултат кој му носеше барем продолжение, но Кулиеракис и Живковиќ од пенал се погржија Динамо да биде испратен од Солун со „петарда“. Пласман во следната фаза обезбедија и Фенербахче и Фиорентина и покрај тоа што ниедна од овие две екипи не победи вечерва. Фенербахче загуби дома од Ројал Унион со 0:1, но во првиот меч славеше со 3:0, додека Фиорентина ремизираше со Макаби Хаифа (1:1), ама во четвртфиналето ја однесе триумфот на гости со 4:3