Утрински Весник
Спорт

Динамо со оглас во „Марка“ сака да го врати Модриќ во Загреб

1367123713.0.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Динамо Загреб не крие дека сака да го врати на „Максимир“, Лука Модриќ. Ветеранот, според медиумите по завршувањето на сезоната ќе има две опции: да избори нов договор со Реал или да ја заврши кариерата. Динамо му ја нуди третата опција, да се врати во Загреб, каде што започна неговата блескава кариера.

„Модрите“ играат на емоциите, се надеваат дека Модриќ ќе го исполни ветувањето по заминувањето во Тотенхем во 2008 година дека еден ден ќе се врати во Загреб.

Новиот претседател на Динамо, Велимир Зајец, неодамна се сретнал со Модриќ и изјави дека она што го прави клубот, во обид да го врати Модирќ има логика.

Динамо денеска ја закупи втората страница на влијателниот шпански весник „Марка“ и го „залепи“ „синиот“ дрес на Модриќ со број 10 на него како специјална реклама со порака: „Би имало смисла“ на хрватски и “Tiene Todo El Sentido Del Mundo” на шпански јазик.

На потег е Лука Модриќ.

Можете да прочитате

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери

Почина Милорад Косановиќ – 24info.mk