Утрински Весник
Спорт

Динамо извлече реми на „Пољуд“ со гол од пенал

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Хајдук не успеа да се доближи до актуелниот хрватски шампион и лидерот на табелата, Динамо Загреб, откако на „Пољуд“ одиграа само 1:1, резултат кој ги оставаа на 8 поени од лутите ривали по само 13 одиграни кола.

dobivaj vesti na viber

На меч во кој навивачката група „Торцида“ го славеше својот 72. роденден, атмосферата беше бурна, со повеќе прекини поради чадот на теренот по „бакљадата“ на навивачите, но и церемонијата на палење на „украдени“ транспаренти и знамиња на ривалски клубови. „Билите“ се понадеваа на победа кога Марко Ливаја во 27. минута ги донесе Хајдук во водство, а Динамо пропушти неколку добри шанси.

Сепак, Динамо успеа да стигне до гол во 72. минута, кога Бруно Петковиќ беше сигурен од белата точка.

Можете да прочитате

Ракометарките загубија од Австрија на првиот тест меѓу двете селекции

Лука Ангелов со сребро за Македонија во таекводно на турнир во Албанија

Лионел Меси со еврогол гол го спаси Интер од пораз (ВИДЕО)