Утрински Весник
Спорт

Динамо го отпушти Анте Чачиќ

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Анте Чачиќ повеќе не е тренер на Динамо Загреб. Тренерот доби отказ по шокантната елиминација од Шибеник (2:1) во полуфиналето на Купот.

dobivaj vesti na viber

Чачиќ на крајот од минатата сезона се врати во Динамо и без проблем го предводеше загрепскиот клуб до шампионската титула. Успеа да избори место во Лигата на шампионите и во првиот дел од сезоната создаде огромна предност пред ривалите во првенството, но од почетокот на годината „модрите“ се во очајна форма, Хајдук ја намали нивната предност на седум бода, а сега и Шибеник сензационално го исфрли од Купот.

Неодамна 69. годишниот Чачиќ потпиша нов договор до крајот на следната сезона, а според него ја доби и функцијата спортски директор. Според тој договор, Чачиќ во моментов има право на отпремнина од 1,7 милиони евра. Секако, Чачиќ и Динамо можат да се договорат за помала оштета.

Ова е втор мандат на Чачиќ на клупата на Динамо. Тој првпат го водел од декември 2011 до ноември 2012 година. Покрај Динамо беше селектор на Хрватска и тренер на Интер од Запрешиќ, Локомотива, Радник од Сесвет, Марибор, Славен.

Динамо има седум бодови пред Хајдук во лигата. В сабота го очекува пресметка со Локомотива, а потоа игра три релативно лесни натпревари, против Славен дома, Истра во Пула и Вараждин на Максимир. Потоа следува дербито со Хајдук во Пољуд на 30 април, но без Чачиќ на клупата.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина