Утрински Весник
Спорт

Динамо Букурешт ангажира екс-играч на Барселона, а место него пристигнал неговиот брат близнак !?

Edgar Ie 696x391 1.gif

Поранешниот фудбалер на Барселона Едгар Ие е обвинет за измама, откако наместо него во романскиот Динамо Букурешт го испратил да игра својот брат близнак Еделино Ие. Овој скандал го обелодени познатиот романски спортски новинар Емануел Рошу. Ие (30 години), кој е репрезентативец на Гвинеја-Бисао, пред една деценија имаше и еден настап за Барселона кога тренер беше Луис Енрике, а потоа играше за Виљареал, Лил, Феенорд, Нант, Трабзонспор, Истанбул Башакшехир, по што се приклучи на Динамо Букурешт. Сомнежите за направена измама ги наметнал фактот дека централниот дефанзивец не зборува англиски и одбил да ја покаже возачката дозвола. Во Динамо се убедени дека Едгар Ие знае англиски. Доколку се потврди невидената измама, Динамо би можело да ги загуби осумте бода што ги освои со Еделино Ие во составот на пет натпревари, иако клубот е насамарен и не знаеле дека се излажани, па и немаат вина. ДНК-тест би можело да се искористи за да се потврди идентитетот.

Ие потпиша за Динамо пред три месеци, а во клубот биле изненадени што тој не знае англиски, туку комуницира само на португалски, иако играл во повеќе земји низ Европа.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024