Утрински Весник
Македонија

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Trajan sdsm 1536x864 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на СДСМ:

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски, во изјавата за Локално.мк.


-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата, вели Димковски.

Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.

-При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели Димковски за Локално.мк 

Можете да прочитате

Мицкоски: Со промоцијата и испораката на опремата за справување со цврстиот отпад правиме исчекор кон почиста животна средина-наместо импровизации, градиме систем

Тошковски најави заострени казни за петарди

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е “срам за граѓаните“