Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Во Македонија има нови сили што се подготвени да излезат и да работат од граѓаните за граѓаните

Димитриевски: Во Македонија има нови сили што се подготвени да излезат и да работат од граѓаните за граѓаните

Актуелниот градоначалник на општина Куманово и претставникот од граѓанското здружение „За наше Куманово“ – Максим Димитриевски, вечерва во Прилеп се обрати на граѓанскиот собир со цел претставување на прилепското граѓанско здружение „За нашите граѓани“.

dobivaj vesti na viber

Димитриевски истакна дека тоа што се случило на 11 Октомври 1941 година во една демократска форма сакале или не ќе мора повторно да се случи, бидејќи ако сакаме работите да се менуваат на подобро тогаш мора да се биде помеѓу граѓаните и да се направи заедничко движење за Македонија кое ќе овозможи реални и суштински промени, а граѓаните да ја добијат државата повторно назад.

„Граѓаните ќе ја добијат државата назад бидејќи Македонија е узурпирана држава, Македонија ја водат и лево и десно, но секогаш по исти терк и исто клише. Ја држат луѓе кои бараат да им се служи, а не луѓе кои сакаат да служат. Ние во Куманово, уште пред една година се одваживме и заедно рамо до рамо со граѓаните застанавме, првиот ден бевме малку, но вредни, чесни и достоинствени. Последниот ден кога се гласаше бевме на 26 илјади гласа и им испративме јасна порака на сите во Куманово и Македонија дека има нови сили во државата кои се подготвени да излезат и да работат од граѓаните за граѓаните. Благодарам на сите од иницијативниот одбор, што ќе учествуваат во основачкото собрание, а основната цел е првично да се има автономија во делот на одлучување и да се одлучува за граѓаните, бидејќи здружението се формира од прилепчани за прилепчани“ – потенцираше Димитриевски.

Тој истакна дека граѓаните се уморни да слушаат една иста реторика на празни ветувања, каде во континуитет се ветува, а не се реализира ништо.

„Ве охрабрувам, бидете горди на вашите предци, затоа што покрај вас, и ние од Куманово ја пишуваме современата македонска историја. Бидете достоинствени, затоа што ние никогаш нема да се согласиме ниту со менување во историјата, ниту со измените во етногенезата, а најмалку со навредите кои доаѓаат до нашиот народ и држава во континуитет. Да, нашата цел е Европска Унија и НАТО, но како достоинствени граѓани Македонци и граѓани на Македонија кои потекнуваат и со векови биле на овие простори. Не треба и недозволиво е да некој не убедува дека ние денеска треба да се срамиме ако кажеме дека нашите предци се бореле против фашизмот? Ако кажеме дека нашите предци се бореле против бугарскиот фашистички окупатор со тоа ние немаме за цел да ги навредиме граѓаните на Бугарија, но исто така имаме обврска кон нашите предци. Да потсетиме дека ние живееме во наша Македонија и ние живееме со нашата историја којашто токму тие наши предци ја имаат креирано“ – рече Димитриевски.а држава Македонија им припаѓа на сите. Бидете горди, вечерва сме 100, 200, 300, задутре ќе бидеме 500тини, до крајот на месецот 1000 и потоа е само пат на математичка прогресија да се постигне конечната цел, а нашата конечна цел е Македонија да ја вратиме назад во рацете на граѓаните, бидејќи големо фајде од политичките партии и субјекти не видовме. Нека ни е среќен и долговечен празникот, честитки и успех на здружението „За нашите граѓани“, изјави Димитриевски.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете