Утрински Весник
Спорт

Димитриевски: Верувам дека и утре нема да примам гол

Fudbal Pres Makedonija Dimitrievski.jpg

Македоскиот фудбалски репрезентативец Столе Димитриевски на прес конференцијата зборуваше за противникот.

„Со Шишковски често разговараме за ерменските репрезентативци и спремни сме за натпреварот. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработка со одбранбените фудбалери на последните три натпревари и верувам дека и утре нема да примам гол. 

Сите натпревари се тешки, се спремам за сите натпревари на ист начин. Така ќе биде и утревечер“, изјави репрезентативниот голман.

Главен судија на мечот ќе биде Стуарт Атвел од англиската Премиер лига, а ќе му  помагаат Стуарт Бурт и Акил Хоусон. Четврти судија ќе биде Тони Херингтон.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига