Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Општината ќе додели субвенции за сите првачиња во Куманово

(Видео) Максим Димитриевски: Многумина од нас крвавеа за Заев, а каде е Ден Дончев?

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски по повод почетокот на новата учебна година им посака среќен и успешен почеток на сите првачиња и наставници, нагласувајќи дека општината ќе додели субвенции на родителите кои запишуваат ученик во прво одделение за оваа учебна година.

dobivaj vesti na viber

– Како поддршка, оваа учебна година согласно одлуката на Советот ќе доделиме субвенции на родителите кои запишуваат ученик во прво одделение во учебната 2023/24 година во вредност од 2000 денари за секое прваче. Барањата можат да се поднесат во Општина Куманово или во училиштата најдоцна до 30 септември, откако детето ќе се запише во училиште. Како пристигнуваат уредно доставените документи од училиштата, до општината, така етапно општината ќе врши исплата, вели градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски, на наставниците како носители на образовниот процес им порача успешно да продолжат да ги пренесуваат своите знаења, создавајќи генерации со кои сите заедно ќе се гордееме, а Општина Куманово ќе продолжи со реализација на проекти за подобрување на условите во училиштата, нови спортски терени и подобри услови за сите ученици и наставници во Куманово.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор