Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Бадентеровото мнозинство се злоупотребува и ја доведува во прашање функционалноста на државата 

20250829190840 big 730x400 72.webp.webp

Бадентеровото правило во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата, истакна денеска лидерот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски прашан за коментар за изјавата на министерот за правда Игор Филков дека Бадентеровото мнозинство се злоупотребува и оти можеби е време за негово ревидирање.

– Изјавата на министерот Филков се однесува исклучиво за функционалноста на Бадентеровото правило. За нас како политички субјект, Рамковниот договор е завршена работа, апсолвирана и тој во целост е исполнет и реализиран. Но факт е дека во одредени моменти правилото на Бадентер ја доведува во прашање функционалноста на државата и тоа веќе со потврда ќе го имаме по завршувањето на локалните избори, рече Димитриевски.


Тој подвлече дека партијата го поддржува Рамковниот договор и оти е во целост исполнет, но одредени политички субјекти го злоупотребуваат Бадентеровото мнозинство.

Димитриевски попладнево се обрати на првиот партиски Летен камп за млади што се одржува во Струга.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор