Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Димитриеска Кочоска: Неодговорното однесување на Владата доведе до сиромаштија и масовно иселување на младите

Димитриеска Кочоска: Неодговорното однесување на Владата доведе до сиромаштија и масовно иселување на младите
Img 7972

„Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ викендов бевме во посета на повеќе населени места од ИЕ 6 поточно ги посетивме Ротинце, Копанце, Туденце, Вратница, Рогачево и Беловиште”, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска при денешната теренска активност „Ова е Македонија за сите”.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека проблемите насекаде се исти и исти работи се повторуваат.

„На една страна е неодговорното однесување на Владата, а од друга страна иамме беспарица, сиромаштија, нема инвестиции, нема нови работни места, нема учебници, нема здравство има масновно иселвуање на младите бидејќи нема никаква перспектива”, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има решение за проблемот со иселувањето.

„Токму во рамки на акцијата „Ова е  Македонија за сите“ во вторник во Тетово ќе биде организирана трибина точно на тема иселување на младите од Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи политики против егзодусот кој што ни се случува”, рече таа.

Можете да прочитате

Отворен повикот за натпреварот „Средношколец милионер“, најдобрата средношколска бизнис идеја ќе добие 1 милион денари

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Венецијанската комисија препорачува ограничување на мандатот на јавниот обвинител и негов избор со квалификувано мнозинство