Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосен неуспех – осум месеци без резултати!

Img 2520.jpeg

„Ја имаме владата со најлош старт во историјата на Македонија“, оцени генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, коментирајќи ја работата на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледате дека потфрлаат на секое поле, од економија до надворешна политика, на секое можно поле и сите работи што ги ветија во предизборието, а со кои добија огромна одговорност од гласачите, ништо од тоа немаат испорачано во овие осум месеци“, рече Димитријевиќ.


Тој истакна дека граѓаните веќе ја препознаваат неспособноста на владата, а како пример го наведе бојкотот на маркетите, кој, според него, е директна последица на лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Говорејќи за идните приоритети на СДСМ, Димитријевиќ нагласи дека партијата ќе продолжи да го слуша своето членство и симпатизерите, да работи на подготовка на програмата за локалните избори и да биде активна и конструктивна опозиција во парламентот.

Можете да прочитате

Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат

Андоновски: Со модерен Data.gov.mk ја отвораме државата кон јавноста

Спасовски: Целосна поддршка за протестот на работниците, минимална плата од 600 евра е неопходна