Утрински Весник
Скопје

Димитријевиќ: Стефковски продолжува немилосрдно да троши народни пари за партиските вработувања

Sasa D.jpg

Продолжува немилосрдното трошење народни пари за партиските вработувања на Дпмне.
Институциите кои се под палката на градоначалникот Стефковски се преплавени со партиски кадри.
Над 23 милиони денари се потрошени за вработувања за неполни три години во ЈКП Гази Баба 2007. Сето ова е подкрепено со фактографски докази.
(Покажува договори).
23те милиони денари и те како ќе беа добредојдени за осовременување на механизацијата и замената на старите и дотрајани униформи на вработените.

Не е розева состојбата ниту во детската градинка 25 Мај. И таму се потрошени повеќе од 12 милиони денари, а се подготвува уште едно ненаменско трошење за згрижување на членството на Вмро Дпмне. Замислете колку ќе им беше полесно на родителите кога немаше да имаат обврска да трошат екстра пари за нормално функционирање на градинките и доколку овие 200.000 евра беа директно дисперзирани во подобрување на условите за најмладите.

 Уште една голема лага на Градоначалникот Бобан Стефковски, наместо намалување имаме сериозно зголемување на сумата за вработувања.
Партијата и Бобан Стефковски актуелен претседател на општинскиот комитет на Дпмне Гази Баба, се од иста матрица која парите на граѓаните наместо на проекти ги троши за свој лични интереси и партиски вработување.

Можете да прочитате

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост