Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ од Подгорица: Социјалдемократијата е силна кога делуваме заеднички

Gensek Czrna Gora 3.jpeg

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, заедно со директорот на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска во Подгорица, присуствуваа на 10-от јубилеен  Конгрес на Демократската партија на социјалисти на Црна Гора. 

Пред присутните членови и симпатизери, свое обраќање имаше и генералниот секретар на СДСМ, Димитријевиќ кој посочи  дека СДСМ и ДПС имаат долга традиција на заедничка борба за демократски вредности, социјална правда и европска иднина. 


„Нè обединуваат истите цели – подобар живот за граѓаните, стабилност, економски развој и јасна ориентација кон Европската унија. Социјалдемократските вредности се единствената опциија која гарантира напредок и развој, унапредување на животниот стандард на граѓаните преку конкретни мерки, наспроти десницата која се фокусира на богатење на елитата. Црна Гора и Северна Македонија низ годините чекорат по заеднички пат. Како две земји членки на НАТО, денес сме исправени пред нов предизвик – забзрување на процесот на евроинтеграции.  Овие процеси се значајни за граѓаните на двете држави, за демокртаскиот и социјалниот развој на Црна Гора и Северна Македонија”, рече Димитријевиќ. 

Во своето обраќање пред присутните, Димитријевиќ потенцираше дека е важно СДСМ и ДПС како две сестрински партии кои делат исти вредности, да си помагаат преку споделување на искуства, заеднички да напредуваат, да градат подобра иднина за граѓаните на двете држави и за регионот. 

„Токму, ваквите настани се само уште еден дополнителен импулс во унапредување  на нашата соработка.Нека ова биде уште еден чекор кон зајакнување на социјалдемократската идеја и кон посветена работа за просперитетна и стабилна Црна Гора.Социјалдемократијата е силна кога сме заедно, кога дејствуваме одговорно и со јасна визија за иднината”, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.

Можете да прочитате

ПОЛАРНА НОЌ Е ПРЕД НАС: Температурите се спуштаат близу -20 степени

Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов

Системот „Сејф сити“ стартува од 1 јануари