Утрински Весник
Свет

Димитар Ковачевски, Арбана Пашоли и Стефан Андоновски ќе бидат гости на Конвенцијата на демократите во Чикаго

Screenshot 20240815 171242 Messenger.jpg

Димитар Ковачевски, пратеник на СДСМ и поранешен премиер, Арбана Пашоли, пратеничка на ДУИ и заменик претседател на партијата и Стефан Андоновски, министер министер за дигитална трансформација, се поканети како гости на конвенцијата на Демократската партија на САД, којашто ќе се одржи во Чикаго од 19 до 22 август.

На оваа конвенција Демократите ќе се соберат околу Камала Харис и Тим Волц, како номинирани за претседател и потпретседател на Соединетите држави „за да го надоградат нашиот напредок, да изложат што е загрозено на овие избори и да се обединат околу нашите заеднички вредности на демократија и слобода за да создадат иднина за сите Американци“, се вели во најавата за конвенцијата.

На говорницата во Чикаго се потврдени говорите на Џо Бајден, Барак Обама и Бил и Хилари Клинтон.

На Конвенцијата на демократите се очекува да присуствуваат вкупно 50.000 посетители, вклучувајќи 5.000 делегати и заменици, 15.000 медиумски претставници и многубројни гости од странство.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници