Утрински Весник
Македонија

ДИК в понеделник ќе има на маса 27 приговори за парламентарните избори

Dik Izbori Izbiracki Spisok Drzavna Izborna Komisija.jpg

За парламентарните избори кои се одржаа во средата (8 мај) до истекот на крајниот рок за приговори пристигнаа вкупно 27. Државната изборна комисија (ДИК) в понеделник на јавна седница ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори.  -Десет приговори се поднесени од коалицијата Вреди и тоа за избирачки места во Гостивар, Тетово, Желино, Боговиње и Врапчиште. 8 приговори од коалицијата Твоја Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, за избирачки места во Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и Ресен. 5 приговори од коалицијата за Европска иднина предводена од СДСМ, за Струга, Битола и Кичево и 4 од партијата Левица за Чаир, Струга и Гази Баба“. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, денеска изјави дека станува збор за групни приговори со кои се опфатени повеќе избирачки места. Некои од тие приговори, доколку бидат усвоени можат да донесат промени во распоредот на пратеничките мандати, како на пример во 5. и 6. изборна единица.

Можете да прочитате

Пациенти со ретки болести без терапија: „Нарачано не значи стигнато“, вели Алексовска

Обвинителката Бојчевиќ го отфрли признанието: Стојанче се обидува да избегне одговорност

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва