Утрински Весник
Македонија

ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

Dik.webp.webp

Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалници на општините и Градот Скопје се 303,  а за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК. 

За општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека се уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од општинските изборни комисии. Од нив вкупно осум листи за градоначалник се во процес на отстранување на неправилностите, а 20 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје.


Од доставените листи, отфрлени се вкупно пет листи за градоначалник на општина и тоа по една листа за општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.

– По завршување на процесот на потврдување на кандидатските листи, следува ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати која ќе се одржи на 25 септември 2025 година, најавува Државната изборна комисија.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја предаде Македонија за мигрантски пари

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Поднесено обвинение за таткото и двете ќерки од Крива Паланка, спречиле службени лица да одземат добиток