Утрински Весник
Македонија

ДИК ќе одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025

Dik.webp.webp

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која меѓудругото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември. 

На изборите ќе учествуваат речиси сите политички парии и коалиции и независни кандидати.


Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, до вчера вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје беа 303,  а за членови на советите на општините и советот на Град Скопје беа потврдени вкупно 558 листи.

Според известувањата од ОИК, за општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје имаше листи во фаза на отстранување на неправилности. Од нив вкупно осум листи за градоначалник се во процес на отстранување на неправилностите, а 20 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје.

ДИК на истата седница (13 часот) ќе одржи и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за Локалните избори 2025. Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50 отсто од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите за Избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје 2025 година.

Можете да прочитате

Тошковски демантира дека убиената Росица му пишала за помош преку СМС-порака

Турско-македонски културен мост преку кинематографијата – нови можности за соработка и зближување

ДУИ: Одлуката за еднојазични полициски униформи ја потврдува дискриминаторската политика кон Албанците