Утрински Весник
Магазин

Дињата е одлична за регулација на притисокот

Dinja.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дињата ни е позната како овошје што го ладиме и сакаме да го јадеме во жешките летни денови, а всушност, тоа е зеленчук и припаѓа на семејството краставици. Може да го јадете во поголеми количини, а луѓето со вишок килограми исто така можат да го консумираат без страв, бидејќи има само 34 калории во сто грама, малку шеќер, без оглед на тоа колку е слатка.
Исто така, содржи многу минерали и витамини. Богата е со калиум поради значителната содржина на витамин А, а бидејќи содржи и витамин Ц, калциум, магнезиум, фосфор и биотин, дињата треба да се консумира во големи количини.

Лековити ефекти на дињите
Експертите тврдат дека бета каротенот од дињата помага во борбата против ракот на белите дробови, но исто така и кај ракот на грлото на матката, желудникот и оралните форми. Растителните влакна имаат корисен ефект врз чистењето на организмот од штетни материи и се вистински рецепт за лекување на надуеност, а другите придобивки ќе ве изненадат.

Го зајакнува имунитетот
Дињата е богата со фитонутриенти кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во борбата против многу болести. Тие исто така имаат антиинфламаторни својства, што е важно во борбата против воспаленијата. Витаминот А го зајакнува имунитетот и го стимулира производството на бели крвни клетки.

Ги штити кожата и косата
Редовното консумирање на диња е одлично за убавината на кожата и косата. Ова се должи на влијанието на витамин А, неопходен за производство на себум, кој ја навлажнува кожата и косата и е од суштинско значење за нивниот раст.
Витаминот А е неопходен за чист тен, а исто така може да помогне во заштита од УВ зраци кои предизвикуваат побрзо стареење на кожата. Покрај витаминот А, постои и витамин Ц важен за градење и одржување на колаген кој и дава на кожата и косата фина структура.
Затоа дињата е од голема помош против брчките и предвременото стареење. Покрај исхраната, можете да го користите директно на кожата и косата како маска или регенератор.

Го регулира крвниот притисок
Потрошувачката на храна богата со калиум помага во регулирање на нивото на натриум, што е важно во третманот на висок крвен притисок. Калиумот му помага на телото да ослободи вишок натриум и со тоа го намалува високиот крвен притисок.
Потребен е и за регулирање на рамнотежата на водата, киселинско-базната рамнотежа, а исто така игра важна улога во пренесувањето на електричните импулси до срцето. Внесувањето на калиум е исто така поврзано со намален ризик од срцев удар и губење на мускулите.
Овој минерал ја зачувува густината на коските и спречува формирање камења во бубрезите.

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”