Утрински Весник
Балкан

Дијана Хрка излезе од болница и продолжува со штрајкот со глад

Dijana hrka.jpg

„МедиГруп“ доцна синоќа објави дека Дијана Хрка е примена во Општата болница на тој приватен здравствен систем поради влошување на нејзината здравствена состојба и дека, по дијагнозата, и е обезбеден постојан медицински надзор и соодветна терапевтска нега.

„Приоритет на сите преземени мерки е зачувувањето на нејзиното здравје и целосна медицинска безбедност“, соопшти „МедиГруп“ и побара од медиумите и јавноста да го разберат и почитуваат правото на пациентката на приватност.
Дијана Хрка штрајкува со глад веќе 12 дена во шатор во близина на српскиот парламент, барајќи вистината и одговорност за смртта лани на нејзиниот син Стефан и 15 други жртви од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, ослободување на студентите кои беа нелегално притворени за време на протестите во изминатата година и распишување вонредни парламентарни избори.


Ветераните што ја чуваат синоќа рекоа дека примила интравенска инфузија, но дека продолжува со штрајкот со глад.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е важно што примила терапија и дека лекарите ја процениле нејзината здравствена состојба.

Можете да прочитате

ЕК отвори истрага за арбитражна пресуда против Бугарија

Две жртви во невремето во Грција

Протести во Бугарија за смена на генералниот обвинител