Утрински Весник
Магазин

Девојката на Бензема премина во ислам пред да оди во Саудиска Арабија

Девојката на Бензема премина во ислам пред да оди во Саудиска Арабија

Карим Бензема (35), новиот член на саудискиот фудбалски клуб „Ал Итихад“, е среќен што ќе живее во Саудиска Арабија. „Јас сум муслиман, Саудиска Арабија е муслиманска земја и затоа сакам да живеам таму. Убаво е да се биде во муслиманска земја каде веќе чувствувам дека луѓето ме сакаат,“ изјави фудбалерот по пристигнувањето.

dobivaj vesti na viber

Со него се пресели и неговата девојка Џордан Озуна, Американка која поради фудбалерот го прифати исламот. „Прејдов во ислам. Тоа беше овде во џамија во Мадрид, мала и интимна церемонија. Плачев како мало девојче“, изјави таа за шпанскиот магазин Yo Dona.

„Истражував за оваа религија и мислам дека е прекрасна. Бев трогната од сè што прочитав за неа. За време на рамазан го читав Куранот и ме расплака. Ја читав и „Светиот пат кон исламот“, за христијанин кој преминува во ислам, како мене. Навистина скапоцена книга,“ додаде таа.

За љубовта на Карим и Џордан се дозна минатата година, откако на почетокот на јули беа видени заедно на јахта. Двојката се запознала во Лион, а како што тврди Џордан, таа тогаш не ни знаела дека Карим е еден од најдобрите светски фудбалери.

„Кога го запознав Карим, не ни знаев кој е. Јас сум Американка, не знам многу за фудбалот,” откри таа во една прилика.

Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка која се занимава со манекенство од мали нозе, а извесен период работела и како келнерка во Hooters.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста