Утрински Весник
Македонија

Девојката која падна од балкон во Тетово била матретирана од таткото 

Policija Mvr2.png

Девојката која пред три дена падна од балкон во Тетово и итно беше пренесена во болница била малтретирана од нејзиниот татко, соопштија од тетовската полиција. Според информациите, таткото синоќа сам се пријавил во полиција.

„На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“ соопшти СВР Тетово.


По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул