Утрински Весник
Свет

Девојка застрелана додека ја барала куќата на својот пријател: ја згрешила адресата и влегла на туѓ имот

Девојка застрелана додека ја барала куќата на својот пријател: ја згрешила адресата и влегла на туѓ имот

Дваесетгодишна девојка е убиена откако случајно влегла на туѓ имот, додека ја барала куќата на нејзиниот пријател во северниот дел на Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Кејлин Гилис возела во округот Вашингтон со пријателите кога влегле во патеката на патот Патерсон Хил во Хеброн. Тие брзо ја сфатиле својата грешка и се обиделе да си заминат, изјави шерифот Џефри Марфи.

Но, во тој момент на терасата од куќата излегол сопственикот, 65-годишниот Кевин Монахан, кој испукал два куршуми кон возилото, од кои едниот ја погодил Кајлин.

„Ова е рурална област каде што во текот на ноќта приодите до куќите често се слабо осветлени, нема многу мобилна услуга или каков било интернет“ – објасни шерифот.

Пријателите на Кејли се обидоа да повикаат полиција, но морале да возат пет милји до патот на гробиштата во Салем за да го сторат тоа. Брзата помош која дошла на местото на пукањето можела само да ја констатира смртта на девојчето.

„Никој од групата не излегол од возилото, ниту се обиделе да влезат во куќата на Монахан пред да почне да пука – рекол шерифот.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на пукањето, но Монахан одбил да излезе и да разговара, изјави шерифот. По еден час се предал.

Можете да прочитате

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија

Кенеди: Ова е новата пирамида на храна, не е се превртено, туку досега беше така

Стив Бенон: Канада е следната Украина