Утрински Весник
Свет

Девојка од Грција која ја преживеа железничката несреќа: Бесна сум и се срамам што преживеав

Девојка од Грција која ја преживеа железничката несреќа: Бесна сум и се срамам што преживеав
Dik 300x250 mk

Девојка од Грција која студира да стане физиотерапевт патувала со своето момче во патничкиот воз „Интерсити 62“ кога кај Лариса дошло до судир со товарен воз. Таа вели дека е бесна поради несреќата.

dobivaj vesti na viber

Василика (17) била во ресторанот во вториот вагон на патничкиот воз, кој во моментот на судирот бил полн со млади луѓе. Таа преживеала откако таа и нејзиното момче нашле дупка на дното и излегле низ неа.

„Одевме за Солун. Бевме во ресторан кога дојде до експлозија и несреќа. Се паѓаше над нас, најдовме дупка и излеговме низ неа“, го опиша Василика моментот на трагедијата.

Сепак, Василика вели дека е бесна поради трагедијата и се срами што преживеала.

“Што да кажам за децата кои беа внатре. Се срамам и се извинувам што преживеав”, рекла девојката, пренесува Прототема.

Василика додаде дека „се срами што живее во оваа земја, што никој не излегува и не се извинува“.

„Осум дена не спиев, како да спијам? Никој не се извинува за несреќата, како ќе оздрават семејствата кои ги загубија своите најблиски?“, праша таа.

Да потсетиме, во сударот на два воза на 28 февруари во Грција, загинаа најмалку 57 лица, од кои повеќето млади,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор