Утрински Весник
Магазин

Девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари

Bebe Noga 960x640 1.jpg
Dik 300x250 mk

Лекарите во Универзитетската болница во Магдебург, источна Германија, успеале да одржат во живот предвреме родено женско бебе – со тежина од само 300 грама, доволно долго, за тоа да почне да се развива, објави „Билд“.

– Детето беше на вентилатор седум недели пред да може да дише самостојно. Третманот бараше исклучително прецизен и внимателен пристап. Семејството остана в болницата долго време за да ја изгради и одржи врската со детето, а девет недели по првично проценетиот датум на раѓање, родителите конечно го зедоа девојчето дома, изјави главниот лекар Ралф Бетгер.


Болницата соопшти дека станува збор за извонреден медицински успех, бидејќи девојчето е родено 16 недели пред терминот, а тоа се смета за екстремно предвремено раѓање. Стапката на преживување кај ваквите случаи низ целиот свет е само 25 отсто.

Според Гинисовата книга на рекорди, рекордот за најмало преживеано предвреме родено бебе во светот му припаѓа на Неш Кин од САД. Тој е роден 19 недели предвреме и тежел само 283 грама. Во јули оваа година, момчето го прослави својот прв роденден. 

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува