Утрински Весник
Македонија

Деветтоодделенци од Кавадарци монтирале глави од девојчиња на експлицитни фотографии

Policija8 1 199796.jpg

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци.

Од ЈО потврдија попладнево за МИА дека наодот од нареденото вештачење тукушто е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука. Вештачењето било во врска со монтажите.

На 25 октомври, МИА информираше дека ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Тогаш, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

-ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители, рекоа тогаш од ЈОРМ.

Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци, се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на октомври, од ДПИ за МИА.

-Според информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, ни напишаа тогаш во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат.

МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

-Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска.

Родител на едно од девојчињата за МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од „Фејсбук“ на повеќе девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирање со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни четови.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност