Утрински Весник
Македонија

Девет лица од Косово и Македонија организирале борби со кучиња во битолското село Црнеец

Policija 960x625 0 0 1.jpg
Dik 300x250 mk

Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.

Четворица се од Косово, на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41, 43 и 43 години, и еден 59-годишник од Штип.


Од секторот за односи со јавност при СВР Битола за МИА потврдија дека лицата биле затекнати во дворното место на едно лице во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња.

-Во текот на акцијата, синоќа во 23 часот, полициските скужбеници пронајдоа едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава за „мачење животни“ – посочија од СВР Битола.

Можете да прочитате

Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ветува ред, правда и достоинство во Скопје

Филипче се жали на изборни притисоци, потврди дека СДСМ има само 6 градоначалници

Час и половина по гласањето, само СДСМ не се огласија за изборниот ден