Утрински Весник
Македонија

„Детски Парламент 2024“ – работилница за ученици од основните училишта

Deca.jpg

Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Детски парламент 2024“ за ученици од основните училишта во Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на отворањето на „Детскиот Парламент“ воведни обрачања ќе имаат Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Златко Атанасов, државен советник, раководител на Парламентарниот институт.

Во рамки на работилницата организирана е обиколка на зградата на Собранието, а учениците ќе се сретнат и со пратеници.

Како што посочуваат од Собраниетп, на работилницата ќе бидат презентирани изработени креативни паноа – порака до пратеник изразена низ мисла, стих, цртеж. Учениците ќе ја играат играта на улоги – улога на пратеник на тема „Замена на класичните учебници со електронски“.

Можете да прочитате

Слаб снег на Шапка – 24info.mk

Зголемен број бездомни кучиња во Куманово

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол