Утрински Весник
Македонија

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Detska Klinika.jpg

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести денес ќе се реализира официјално предавање на новиот мобилен рендгенски уред, обезбеден како донација од Амбасадата на Јапонија.

Според информациите од Детската клиника, на церемонијата ќе присуствуваат амбасадорката на Јапонија, Сетсуко Кавахара, државниот секретар во Министерството за здравство, Бесим Мемеди, како и раководството и медицинскиот персонал на Клиниката за детски болести, предводени од директорот Реџеп Мемеди.


Од Клиниката посочуваат дека овој момент претставува значаен напредок во подобрувањето на здравствената заштита за децата.

“Овој настан претставува уште еден чекор напред во унапредувањето на здравствената грижа за најмладите пациенти.”

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените