Утрински Весник
Македонија

Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна

Srnicka3 960x720 1.jpg
Dik 300x250 mk

По цели 40 години Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“.

Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општина Аеродром.

По завршувањето на инфраструктурните работи со средства од Светската банка, кујната ќе биде опремена со целосно нова апаратура и друга потребна опрема.

Увид во градежните работи денеска извршија в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Тие констатираа дека станува збор за многу значаен проект, бидејќи во оваа кујна секојдневно се подготвува храна за сите шест клонови што припаѓаат на градинката „Срничка“ во која се згрижени речиси половина од дечињата во Аеродром.

Општината посветено работи на подобрување на условите во кои се згрижуваат и се воспитуваат нашите најмали.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат