Утрински Весник
Македонија

Детска клиника: Специјализантите ќе ги добијат платите за декември и јануари, за дежурствата од октомври се чека согласност од ФЗО  

Приватните специјализанти на Клиниката за детски болести ќе ги добијат платите за декември и јануари, а за да им бидат исплатени на надоместоците од октомври навака се чека согласност од Фондот за здравствено осигурување, вели директорката на Клиниката, Стојка Нацева-Фуштиќ. Согласноста за исплата на платите на приватните специјализанти за декември и јануари, директорката Нацева – Фуштиќ објаснува дека ги добиле на од Фондот на крајот на јануари.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со реакцијата на специјализанти и млади лекари поврзана со исплатата на плати и дежурства ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ја информира јавноста дека по добиената согласност од ФЗОМ од 26.01.2023 година, направени се пресметки за исплата на плати за месец 12/22 и 01/23 и по истите ќе биде постапено во целост. По однос на исплата на надоместоци за дежурства за месец 08/22 и 09/22 извршена е исплата, а за месеците 10/22, 11/22, 12/22 и 01/23 ќе биде извршена исплата по добиена согласност од ФЗОМ“, вели директорката Нацева – Фуштиќ.

Приватните специјализанти на Детската клиника пред два дена алармираа дека се обиделе преку бојкот на работата да изразат револт поради неисплатена плата од декември навака и неисплатени дежурства од август 2022 година навака, но од управата на болницата добиле закани дека ќе им ги прекинат специјализациите и ќе биде објавен нов конкурс за специјализанти. Се пожалија и дека се во постојан конфликт со административните служби секогаш кога треба да им се префрлат плати.

И нивните исплати зависат од Фондот кој веќе две недели е под сајбер-напад поради кој сите јавни здравствени установи се задолжени до понеделник да достават документација за исплата на плати, а здравствените работници, исто така до понеделник, оставија рок да им бидат исплатени платите. Ако не им се исплатат најавија генерален штрајк.

Можете да прочитате

Почнува реконструкцијата на сaлaта „Расадник“

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар