Утрински Весник
Македонија

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село

Img 2158.jpeg

За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од ОЈО Струмица нареди отворање истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело-Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство, а за осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето.


Инаку, на социјалните мрежи вчера беше објавено видео со врзаното дете и како таткото го малтретира.

Можете да прочитате

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство

Штипскиот ЗОО парк „Бриони“ со нови жители: Лемури, волк и виетнамски прасиња пристигнуваат пред Велигден

Министерството за здравство со нов модел за ретки болести: Заштеди од илјадници евра и стабилна терапија