Утрински Весник
Македонија

Детето кое излета од возилото при сообраќајката е во болница и нема тешки повреди

Whatsapp Image 2025 01 02 At 20.00.40 8220c22d.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар.

Станува збор за дете кое е петтиот патник од автомобилот кој претходно денеска излета во Вардар кај с.Рашче.


Детето е на опсервација на Детска хирургија, нема тешки повреди, информира Прес24.

Во меѓувреме, нуркачите трагаат по останатите патници, а Тигрите го вадат автомобилот од реката.

„На 02.01.2025 во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител“, соопштија од МВР

Можете да прочитате

Тренчевска:Муртезани се менува а изолацијата од ЕУ останува

Ограбена обложувалница во Гостивар – 24info.mk

Оружје и муниција најдени кај грчки државјанин