Утрински Весник
Балкан

Дете со нож го нападнало својот 20-годишен брат во Хрватска

Hrvatska Policija.jpg

Пресметката на двајца браќа во место во близина на Копривница во вторникот попладне за малку ќе завршела фатално.

Дете тешко повредило млад човек (20) со нож во месноста Копривница. Сѐ се случило во вторникот на 9 јули во попладневните часови на поширокото подрачје на Копривница. Детето изболо 20-годишен член на семејството.

Нападнатиот 20-годишник добил тешка физичка повреда.

Полициските службеници ќе поднесат посебен извештај до жупаниското државно правобранителство во Вараждин.

Од полициската управа во Копривница не откриваат повеќе детали за случајот бидејќи се работи за малолетник, пренесуваат медиумите во регионото. Случајот се води како тешко убиство во обид, пишува „24часа“.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград