Утрински Весник
Свет

Дете се заканило на професор дека ќе донесе бомба и ќе разнесе се – не стивнуваат заканите од ученици во Србија

Дете се заканило на професор дека ќе донесе бомба и ќе разнесе се – не стивнуваат заканите од ученици во Србија
Dik 300x250 mk

Српската полиција уапси 19-годишник од Пирот поради сомнение дека му се заканил на професорот во гимназијата каде што учел, дека ќе донесе бомба.

dobivaj vesti na viber

М.А. е осомничен дека му се заканил на професорот дека ќе донесе бомба во училиштето и „ќе реши се“, откако тој го предупредил да се грижи за отсуствата.

Полицијата извршила претрес во неговиот стан, но не пронашла експлозивни направи или оружје.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство Пирот, соопшти денеска пиротската полиција.

Утрото беше уапсен малолетник од Суботица, ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“. Tој во разговор со училишниот психолог рекол дека не размислувал да направи масакр како оној во училиштето, туку размислувал такво нешто слично да направи во близина на градинка. Исто така било откриено и дека на интернет истражувал како се прави бомба.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција