Четиригодишно момче почина синоќа во болница во Ниш поради задушување со предмет, пренесе Нова.рс.
„Момче, родено 2018 година, попладнето е примено во многу тешка општа состојба со знаци на тешко оштетување на функцијата на мозокот. Во Ургентниот болнички центар му е изваден туѓ предмет од респираторниот тракт, но за жал тоа не ја промени состојбата на пациентот. И покрај сите преземени мерки, повеќе медицински екипи, синоќа настапи смрт“, соопштија од болницата во Ниш.
Обвинителството соопшти дека имало прекин на дишењето и дека повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата.
Покрената е истрага.
Според Телеграф.рс, детето се задушило откако проголтало желад од елката во градинката „Чаролија“.
Детето во бессознание со возило на Брза помош било префрлено во болницата во Ниш.