Утрински Весник
Македонија

Детална метео анализа за утре (недела), како и за следната седмица!

Ecm1 72.gif

Метео анализа на Славчо Попоски:

Утре (недела) продолжува променливото време, претпладне претежно суво, додека во попладневните часови повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и засилување на ветерот.

И во делови од Скопскиот регион утре (недела) попладне ќе има повремен локален дожд, локално пообилен и проследен со грмежи и засилување на ветерот.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Од понеделник ќе имаме стабилизирање на времето, со постудени утра, додека максималните температури ќе бидат во поголем пораст, а исклучок ќе биде само среда кога ќе има услови за локален дожд.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски

ЗНМ и ССНМ: Каква било резолуција не смее да влијае на новинарската слобода на изразување

Велосипедист прегазен во Свети Николе