Утрински Весник
Македонија

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ЈУЛИ: Таа носи големо освежување на Балканот, чести врнежи и временски непогоди

Meteoalarm.mk 4.webp.webp

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, првата седмица од јули на Балканот, вклучувајќи ја  и нашата Македонија ни носи големо освежување на времето, потпросечни температури, како и чести врнежи и временски непогоди.

Освен кај нас на Балканот, значително посвежо и со потпросечни температури ќе биде  и во поголемиот дел од Европскиот Континент.

Врнежите на Балканот ќе бидат значително натпросечни, што значи повторно постои опасност од локални поројни поплави. Натпросечно количество на врнежи очекуваме  и во поголемиот дел од Македонија.

Во ваква ситуација, и тоа поради значителниот пад на температурите на воздухот, во Алпскиот регион очекуваме  и врнежи од снег.

Се на се, почитувани мои ако сте во план да користите одмор во првата седмица од јули, тоа не би било баш добро да го направите, што значи за користење на одмор некаде во регионот ќе треба да почекате кога временските услови ќе го дозволат тоа.

Можете да прочитате

Филипче нов претседател на СДСМ

Деспотовски ќе поднесе приговори за неправилности на изборниот ден во СДСМ

Со каков легитимитет новиот претседател ќе ја води СДСМ во иднина?