Утрински Весник
Балкан

Детали за трагедијата на Златибор: Пумпата го повлекла момчето на дното

1467804619 Zaltibor 3.jpg.jpg

Шестгодишно момче од Белград вчера се удави во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.

Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.

Полицијата го уапсила сопственикот
на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.

Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.

Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград