Утрински Весник
Македонија

Детали за пукањето во Чаир: Маж ранет на улица, во болница го донел неговиот брат

Cair1410.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска околу 18:30 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје пријавено било дека во болницата бил донесен 35-годишниот Е.А. од Скопје со прострелна рана во ногата.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР), повредениот бил донесен од неговиот брат, кој изјавил дека додека Е.А. се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, непознато лице му се приближило и испукало кон него. Инцидентот, според братот, најверојатно е поврзан со должничко-доверителни односи.

Полицијата го истражува случајот и се работи на откривање на идентитетот на напаѓачот и мотивите за нападот, велат од таму.

Можете да прочитате

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

2026 нема да биде спектакуларна, но може да биде пресвртна

Обвинителен акт за возачот кој го усмрти велосипедистот Јорго Ќука