Утрински Весник
Балкан

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

4f5655ce 9edb 4762 9026 4ca1c4035d42.jpg

Синоќа дошло до експлозија во зграда во Книн. Едно лице загинало, а четворица се ранети, јавуваат хрватските медиуми.

Хрватската полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош.

Според полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загинал 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на возраст од 21 година и една малолетничка. Експлодирала рачна граната М-75, пишува Индекс.хр.

„Вчера, 23 ноември, околу 23.01 часот во Книн, на улица ‘Брибирски кнезови’, во станот на приземјето од зградата се случила експлозија во која загина 25-годишен маж, додека две млади момчиња на возраст од 25 и 23 години, девојка на возраст од 21 година и една малолетничка, се здобиле со со тешки физички повреди. Истражниот тим и полициските службеници за заштита од експлозија врз основа на пронајдените траги на местото на настанот утврдиле дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба М-75. Од извршените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Како резултат на нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачната бомба во раката на починатиот 25-годишник. Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на наведената минска експлозивна направа“, соопшти хрватската полиција.

Од Јавната пожарна Книн потврдуваат дека околу 23 часот добиле дојава за експлозија.

„Четворица припадници на единицата излегоа со два автомобили да интервенираат. По пристигнувањето помогнавме во згрижување на повредените“, изјавиле тие.

„Сцената беше страшна, а луѓето беа во целосен шок. Некои седеа, една девојка стоеше на скалите. Разговараа со полицијата, но беа во целосен шок”, изјавил очевидец за РТЛ.

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk