Утрински Весник
Македонија

Детали од тешката несреќа кај Хиподром: BMW и камион изгореа по судир, млад возач со тешки повреди

32747.jpg

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на автопатот кон Скопје, кај клучката Хиподром, при што сообраќајот на потегот кон главниот град беше целосно блокиран.

Според првичните информации, во несреќата учествувале камион и патничко возило BMW, по што двете возила се запалиле и целосно изгореле, објави 4news.mk.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила околу 23:00 часот, кога патничкото возило BMW, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, се судрило со товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.

Во несреќата возачот на BMW се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а на возачите им се препорачува максимална внимателност, намалување на брзината и, доколку е можно, користење на алтернативни патишта сè додека целосно не се расчисти делницата.

Можете да прочитате

Енергетско партнерство што отвора врати: Македонија и Австрија ги поврзуваат студентите, науката и индустријата

Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас”

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта